Политика за приватност

Политиката на приватност дава општи информации за обработката на лични податоци кога ја посетувате нашата веб страница http://www.profit.mk/  и/или користите некоја од нашите услуги преку истата. ПроФит ги собира само оние лични податоци кои се неопходни за да ги оствари законските задачи и овластувања.

ПРОФИТ за заштита од неовластен пристап и користење на личните податоци на своите корисници и субјектите за кои чува/обработува податоци, ги презема сите потребни технички и организациски мерки, согласно: законската регулатива и подзаконските акти кои се однесуваат на заштитата на личните податоци и други релевантни акти.

Информации поврзани со обработката на личните податоци
–          Контролор на личните податоци е ПРОФИТ, со седиште во Скопје на ул. XXXXXXXXXXXXXX
–          Личните податоци се собираат за конкретни, јасни и законски утврдени цели и се обработуваат на начин што е во согласност со тие цели и во согласност со  Законот за заштита на лични податоци („Службен весник на РСМ“ бр. 42 од  16.2.2020 година).
–          ПРОФИТ применува технички и организациски мерки за заштита на личните податоци со што се обезбедува:
•         Доверливост – заштита на податоците од неовластено откривање и пристап;
•         Интегритет – обезбедување на точност и вистинитост, односно дека податоците на било кој начин не се неовластено изменети;
•         Расположливост – обезбедување пристап на овластените корисници и информациските системи до податоците кога е тоа потребно;
•         Неотповикливост – обезбедување на докази кои не даваат можност за одрекување.

ПРОФИТ собира податоци од:
–          Корисници без и со кориснички профил на веб страницата на ПРОФИТ – http://www.profit.mk/ .
ПРОФИТ автоматизирано собира податоци кои се користат за анализирање на посетите, односно користењето на нашата веб страница и нејзината информациска безбедност. Повеќе информации за употребата на колачиња се дадени во Политика за колачиња.
–          Лица кои поставуваат прашања, бараат податоци и информации, имаат поплаки, пофалби или други барања поврзани со делокругот на работата на ПРОФИТ.
Овие барања вообичаено  содржат и лични податоци, кои имаат ограничен обем (на пример: име и презиме и контакт податоци), треба да се исклучиво поврзани со нивната потреба и сè на одговорност на лицето кое ги доставува барањата. 

Категории на податоци кои се обработуваат:

Податоци од посетите на веб страницата
–          При посетата на веб страницата на ПРОФИТ, за секој корисник (со или без кориснички профил) се креира лог записи со следни податоци:
•         ИП (IP) адреса;
•         Уредот од кој пристапува корисникот, вид и модел;
•         Оперативниот систем;
•         Видот на пребарувачот, plugins и верзија;
•         Страните кои ги посетува на  веб страницата на ПРОФИТ и времето на користење/минување на секоја страна;
•         URL на страната од која е префрлен на веб страницата на ПРОФИТ и во некои случаи, термините кои ги користел во обидот да ја најде страната на ПРОФИТ;
•         Јазикот на пребарувачот кој го користат;
•         Држава;
•         Податочни параметри на основа на кои е извршено пребарување на податоци; 

      Податоци кои корисниците доброволно ги доставуваат
–          Корисниците кои пристапуваат на веб страницата на ПРОФИТ можат да се поделат на две категории. Корисници со и без кориснички профил. 
–         За корисниците без кориснички профил се евидентира IP адресата од која тие пристапуваат и ги користат општите услуги кои ги нуди веб страницата на ПРОФИТ. 
–         За корисниците со кориснички профил покрај IP адресата се евидентираат податоци кои се потребни за да се креира профилот бидејќи користат услуги кои ги нуди ПРОФИТ, за кои е потребна соодветна  автентикација (потврдување на идентитетот на корисникот)  и соодветна авторизација (утврдување на права – овластувања за користење). 
–          ПРОФИТ податоците кои ги прибира од корисниците на веб страницата на ПРОФИТ,  се оние кои тие  доброволно ги доставувале за конкретни цели, како би овозможиле на ПРОФИТ да ги оствари своите законски овластувања поврзани со услугите, за грижа на корисници, за поплаки, пофалби или консултација преку поставување на прашања и/или мислења за различни теми од областа на работењето на ПРОФИТ, за истрага, за обезбедување на повратни информации или барање на било која друга услуга од ПРОФИТ.

Права на контролорот поврзани со дејствија на злоупотреба и незаконски дејствувања 
Доколку ПРОФИТ утврди дека корисникот го злоупотребил пристапот до веб страницата со цел незаконски да стекне пристап до информации и апликации или со цел да ја направи веб страната на ПРОФИТ недостапна за користење, во тој случај можно е да се искористат евидентираните податоци и да се достават до надлежните органи кои се одговорни за откривање и санкционирање на сторените злоупотреби поврзани со незаконско користење на веб страни и кибернетички криминал.

Како се собираат  личните податоци
Личните податоци се  собираат преку различни канали, вклучувајќи:
–          Користење  на веб страницата на ПРОФИТ,
–          Е – mail контакт адреси на ПРОФИТ достапни на веб страницата и 
–          Други форми за контакт кои се достапни на веб страницата.

Активности на обработка на личните податоци:
–          ПРОФИТ обработува лични податоци на со закон определени цели, заради извршување на својата дејност во согласност со одредбите со законот за заштита на личните податоци.
–          ПРОФИТ не споделува податоци за корисникот и/или за неговата  посета на веб страницата на ПРОФИТ, со трети лица, освен во следните случаи:
–        Во случај на ангажирање на даватели на услуги ако ПРОФИТ ги ангажира како обработувачи со што ќе бидат обврзани да постапуваат по регулативата на ПРОФИТ и обезбедат заштита на личните податоци кои се обработуваат при обезбедувањето на тие услуги.
–       По барање на суд, полиција или други органи и тела за вршење на нивните надлежности и само ако постои законски основ за тоа.

Време на чување на собраните податоци
–          Податоците кои ги собира ПРОФИТ се чуваат во согласност со закон и периодот потребен за постигнување на целта на обработката и се утврдени со рокови на чување на личните податоци на ПРОФИТ. 

Права во однос на обработката на лични податоци се:
–          Да бидат информирани за обработката на личните податоци или право на информираност за обработката на личните податоци;
–          Право на пристап до личните податоци;
–          Право на исправка и бришење на личните податоци;
–          Право на ограничување на обработката на личните податоци;
–          Право на приговор;
–          За дополнителни информации и/или остварување на правата за заштита на лични податоци,  секој посетител или корисник може да го контактираат Офицерот за заштита на лични податоци на ПРОФИТ.

Офицер за заштита на лични податоци  – XXXXXXXXXXX

Право на поднесување на поплаки до ПРОФИТ 
–          Доколку се смета дека со начинот на кој ПРОФИТ ги обработува лични податоци, се повредуваат одредбите на Законот за заштита на личните податоци, може да се поднесе поплака до ПРОФИТ, согласно Законот за заштита на личните податоци.
–          Поплаки може да се поднесат преку веб страницата на ПРОФИТ или на било кој начин преку контакт информациите објавени во делот за КОНТАКТ.

Промена на политиката за приватност
–          Политиката за приватност редовно ќе се менува и дополнува и усогласува соодветно на настанатите промени и евентуално согласно законските измени.

Заштита од злоупотреби
ПРОФИТ ги презема сите потребни технички и организациски мерки за заштита на личните податоци од неовластен пристап како и од нивна злоупотреба, користејќи редовни контроли и најнови технолошки механизми.

 

ПРАВО НА ПРИСТАП И ИСПРАВКА НА ЛИЧНИТЕ ПОДАТОЦИ НА СУБЈЕКТИТЕ НА ЛИЧНИТЕ ПОДАТОЦИ

ПроФит дооел Скопје (во понатамошниоттекст како: ПроФит) во својство на Контролор на лични податоци, врши собирање, чување и обработка на лични податоци.

Субјектите чии лични податоци се собираат, чуваат и обработуваат се физички лица кои стапуваат во деловен однос со ПРОФИТ.

Запирање на обработка на личните податоци

Субјектот на лични податоци има право со поднесување на Барање за запирање на обработката на личните податоци, да побара запирање на обработката на неговите лични податоци кога личните податоци се обработуваат со цел:

– извршување на работи од јавен интерес или на службено овластување на ПРОФИТ или на трето лице на кое му се откриени податоците или

– исполнување на легитимните интереси на ПРОФИТ, трето лице или лице на кое податоците му се откриени, освен ако слободите и правата на субјектот на лични податоци не преовладуваат над таквите интереси

Доколку Барањето е основано, ПРОФИТ е должен да ја запре понатамошната обработка на личните податоци.

Измена, дополнување или бришење на личните податоци

По поднесено Барање за дополнување, измена или бришење на информации за обработка на личните податоци од страна на субјектот на лични податоци, ПРОФИТ е должен да ги дополни, измени, избрише или да го сопре користењето на личните податоци.

Дополнување, измени, бришење или сопирање на користењето на личните податоци се прави и во случај кога ПРОФИТ ќе утврди дека личните податоци се нецелосни, неточни или неажурирани, односно доколку нивната обработка не е во согласност со законските одредби.

Барање на информации од страна на субјектот

Субјектот на лични податоци може до ПРОФИТ да достави Барање за доставување на информации за обработка на личните податоци од страна , со кое бара да биде информиран:

  • дали се обработуваат неговите лични податоци;
  • за целите и правната основа на обработката на личните податоци;
  • корисниците или категориите на корисници на кои им се откриваат личните податоци;
  • за изворот на податоци.

Права на субјектот на личните податоци

Кога податоците се прибираат од субјектот на лични податоци тој мора да биде информиран за:

  • идентитетот на Kонтролорот;
  • целите на обработката;
  • корисниците или категориите на корисници на личните податоци;
  • задолжителноста на давање на одговори на прашања кои вклучуваат лични податоци;
  • можните последици ако не се даде одговор и
  • постоењето на право на пристап и право на исправка на неговите лични податоци.

Сите Барања за остварување на правата на субјектот на лични податоци, можат да се достават до ПроФит. Секое уредно примено Барање ќе биде проследено и доставено до Офицерот за заштита на личните податоци на ПроФит.

Офицерот за заштита на личните податоци е должен да одговори и/или достави информација до субјектот на лични податоци, за секое уредно примено Барање во рок од 15 дена сметано од денот на прием на Барањето, освен ако тоа не е возможно или ако тоа бара несразмерен напор или трошок.

Доколку ПРОФИТ еднаш одговорил и/или доставил информација за одредено Барање од страна на субјектот на лични податоци и не изминале 6 месеци од денот на доставувањето на претходното барање, нема обврска повторно да одговори на исто или слично барање на тој субјект, ако во меѓувреме нема промени во неговите лични податоци.

Ограничувања на правата на субјектот на лични податоци

Правата на субјектот на лични податоци утврдени во претходните точки можат да се ограничат во посебни случаи кога со нивното практикување ќе се загрози остварувањето на правата и обврските на ПРОФИТ предвидени со закон, договорен основ или статистички цели, како и поради заштита на безбедноста и одбраната на државата, откривање и гонење на сторители на кривични дела и заради заштита на правата и слободите на субјектот на лични податоци или правата на другите физички лица.