Зошто AbsoZERO?

Ја почитуваме важноста на Вашето здравје, затоа издвоивме долго време темелно да проучиме како баровите да се богати и со диететски влакна (околу 9гр на бар). Ќе се потрудиме да Ви дадеме релевантни информации на оваа веб страна. Доколку имате било какви дополнителни прашања околу баровите, слободно исконтактирајте не. Но доколку сеуште не сте спремни да купите AbsoZERO бар, секогаш потрудете се да бидете информирани и здрави!

Зошто е добро да јадеш AbsoZERO бар?

Бидејќи AbsoZERO барот Ви обезбедува високо квалитетен протеин во преносна форма, тој Ве поддржува во развивање на атлетско тело. AbsoZERO е лесен да го носите секаде со Вас, па доколку немате пристап до протеински оброк, може да го изедете барот. AbsoZERO поддржува постојана диета, која притоа промовира подобра кондиција, и ако вежбате подобро, ќе имате подобри перформанси во сите области од животот! Не дозволувајте да го занемарите Вашето здравје. Бидете во добра форма со многу работа или учење. Ако мудро го организирате Вашиот живот, спортскиот изглед може да се достигне со вистинска мотивација!

Дали страдате од чувствителност на глутен и лактоза? Тогаш треба да обратите повеќе внимание на Вашето здравје отколку просечната личност.

AbsoZERO е корисно решение и кога не сте на диета без глутен, без лактоза или без млечни протеини, но сепак сакате да му обезбедите на Башето тело точна количина протеини. Ако пропуштите оброк или сакате нешто поразлично, земете AbsoZERO!

Целосен протеин овозможува подобра исхрана за Вашето тело, подобра поддршка за раст на мускулите и индиректно губење на маснотии.

Протеините се составени од амино киселини. Има илјадници киселини, но само 9 од нив се есенцијални. Нашиот организам не ги произведува есенцијалните амино киселини, затоа мора да ги внесеме преку исхраната. Протеинскиот прав станува комплетен кога количеството на амино киселини во даден примерок ќе го достигне одреденото ниво според WHO (World Health Organisation).

Протеините од животинско потекло се најчесто комплетни, а од растително потекло најчесто имаат недостаток на некоја есенцијална амино киселина. Со мешање на 2 различни извори на протеин (како на пример од ориз и од грашок), можеме да ги соединиме состојките за да достигнат комплетен профил со сите есенцијални амино киселини. AbsoZERO користи сооднос 4:6 протеин од ориз: протеин од грашок, со што се вклучуваат сите есенцијални амино киселини и го прави протеинот комплетен. Целосен протеин овозможува подобра исхрана за Вашето тело, подобра поддршка за раст на мускулите и индиректно губење на маснотии. Тоа ќе Ви помогне побрзо да ги достигнете своите цели за да го извлечете максимумот од Себе.

Она што просечниот потрошувач не го знае е дека истите суровини (на пример протеин од ориз) можат да се набават од повеќе добавувачи, но квалитетот на производот може многу да варира. Тоа значи дека има голема разлика од протеин од протеин!

Доколку купувате растителен протеин, посигурно е суровините да се произведени во ЕУ, бидејќи ЕУ има највисоки стандарди во светот за обезбедување квалитет на храната. Нема системи за заштита на купувачите во Азиа, Северна Америка ниту во Јужна Америка каков што има во ЕУ. Пристоен производител се придржува до стандардите, но оние кои се подобри користат други системи за обезбедување на квалитетот (на пример ISO, BRC), за да можат да понудат колку можно подобар производ. Ова не значи дека производите од други континенти не се добри, туку дека можно е да имате подобар бенефит од производи произведени во ЕУ. Abso го набавува протеинот од двете најдобри производители на растителен протеин: протеин од ориз од “Банео” Белгија, и протеин од грашок од “Pisane”.

Во овој брз начин на живот, доколку немаме доволно време да консумираме доволно овошје и зеленчук секој ден, тогаш овој вегански бар може да биде одличен извор да диететски влакна. Бидејќи AbsoZERO содржи високо количество на “фибри” во својот состав, има пробиотички ефект, што значи дека помага да се врати природната цревна флора. Враќањето на цревната флора е особено важна задача за правилно функционирање на имунолошкиот систем бидејќи 70% е во цревата.

Поради ова, може да ги консумираат луѓе кои се на специјални диети.

Нашето мислење е дека софистициран производ не треба да содржи конзерванси. Свесните потрошувачи се повеќе избегнуваат производи со конзерванси.

Помалку од 5г/100г, што значи помалку од 2 грама шеќер во еден бар.

AbsoZERO користи сооднос 4:6 Протеин од ориз: Протеин од грашок, со што се вклучуваат сите есенцијални амино киселини и го прават протеинот комплетен.

Веганско парче протеин кое секогаш е при рака!

Ако сте веган, знаете колку е тешко да се биде веган кога сте во движење. Иако бројот на вегански ресторани се зголемува, во многу случаи е тешко да се најде добро составена веганска храна на секој агол. Во случај да сте во движење долго време или сакате да јадете чоколадо, но не сте имале време да организирате дневен оброк, AbsoZERO барот е совршено решение. Со него, можете да сте сигурни дека ја добивате целата количина на растителни протеини што Ви требаат. Дури и кога сте во движење! Со поддршка на AbsoZERO барот, можете да изградите силно тело за кое ќе бидете горди како веган!

Дали се обидувате Вашето тело да биде подобро од просечно и да направите совршено тело за себе? Тогаш конзистентноста во исхраната е најважна! Врвниот квалитет на растителен протеин без конзерванси во AbsoZERO барот може да биде достапен во практична форма за Вас, во кое било време и на кое било место. Конзистентноста и упорноста се клучот за долгорочен успех во AbsoZERO.

Ако штотуку сте започнале да тренирате посериозно, тогаш добрата исхрана е многу важна за да имате добар тренинг и добар сон. Бидејќи може да земете AbsoZERO бас со Вас, не мора да се грижите дали сте внеле доволно протеини во вашата исхрана. Не е тешко да се развие силно, цврсто тело ако мудро му пристапите на ова прашање. Оброците треба да бидат извор на радост, а не стрес! И не мора да се откажувате од обични закуски кога барате чоколадо: високо квалитетното веганско протеинско парче AbsoZERO бар Ви ја олеснува работата.

Превземено од www.abso.hu