ПРО-ФИТ ВИС

Нуди голем избор на храна која сакате да ја јадете во здрава варијанта. Кај нас може да најдете протеинска пица и паста, протеински грицки, чипсови и тортици, крцкави кранчови со помалку од 3грама јаглени хидрати, а повеќе од 11грама диететски влакна. Да, добро прочитавте – како да сте изеле цела чинија салата!

Добродојдовте во светот на супер храната!

Оваа супер храна на иднината, докажана со безбројни студии, веќе долги години е дел од секојдневието на многу луѓе низ целиот Свет. Во ова брзо темпо на живеење ретко наоѓаме време да подготвиме здрав оброк и посегнуваме по “брза” храна. Затоа оваа “супер” храна која Ви ја нудиме е идеална утеха за вкусно и здраво јадење.

Голем дел од нашите производи се високо-протеински, ниско-калорични, без глутен, без ГМО, без лактоза, вегетаријански, вегански, со низок гликемиски индекс, богати со диететски влакна, збогатени со Колаген, без палмино масло итн.

Официјални дистрибутери сме на три европски брендови за квалитетна протеинска храна: nuMe Словенија, AbsoBAR Zero Унгарија, DietiSnack Франција.

Нашето Мото: Читај декларации.
Нашата Визија: Веруваме дека промената доаѓа од поединци, затоа од самиот почеток работиме околу подигнување на свеста кај народот околу исхраната, се со цел подобро и поздраво општество.
Нашата Мисија: Да ги информираме луѓето околу тоа колку шеќерите во храната му штетат на организмот.

НАШИ ПРОИЗВОДИ