Start a NuYou

NuMe е првиот чекор кон себе. Развиена од лекар, личен тренер, нутриционист и животен тренер, nuMe е дизајнирана за современата жена која се обидува да направи целосна трансформација во нејзиниот живот ставајќи ги на прво место нејзиното здравје, ум и тело. NuMe е за стилски освестената жена во денешниот модерен свет, каде природните иновации и чистиот дизајн одат рака под рака.

Направете животна трансформација ставајќи се Себе на ПРВО место!

Без оглед каде се наоѓате во Вашето лично патување, nuMe може да Ви помогне да ги направите потребните свесни избори за да ја контролирате телесната тежина и да развиете овластен, наградувачки и здрав начин на живот. Со вистинска програма, поддршка на заедницата и поттик за успех, ниту еден сон не е преголем. NuMe е концепт што го менува животот на жената и нејзината перспектива за (не)возможното. Со својата високо хранлива вредност, ниско количество калории, без додаден шеќер и доволно протеини, ќе ги постигнете Вашите цели на правилен начин.

Вашата цел треба да биде долгорочна промена на Вашиот животен стил. Што значи дека промената на Вашите навики во исхраната е еден од аспектите што треба да ги допрете. Долгорочната промена на животниот стил се состои од неколку области на кои треба да работите. Нашето искуство покажа дека 50% е Вашиот ментален склоп и психолошки аспект кој влегува длабоко во Вашите минати модели на однесување и навики. И, ако сте во можност да ги промените, Вие сте на половина пат до Вашата долготрајна промена. 40% придонесуваат здравите навики во исхраната, што значи дека не сте тука на краток рок, туку на долг рок. Затоа не размислувајте за планот за исхрана на nuMe како диета, туку како начин на живот кој Ви помага да усвоите навика да јадете неколку мали порции на ден. Физичката активност се последните 10% што придонесуваат за чувство на добар режим, вајање и обликување на Вашето тело и критичните области што сакате да ги насочите и да ја подобрите мускулната и кардио-респираторната кондиција, да го подобрите здравјето на коските и функциите, да го намалите ризикот од хипертензија, коронарна срцева болест, мозочен удар, дијабетес, рак на дојка и дебело црево и депресија.

NuMe супата и шековите со колаген се иновативно решение за исхрана и убавија специјално дизајнирано да Ви помогне да се справите со умерени и тешки проблеми со телесната тежина. Наменето е за современи жени кои се стремат да направат целосна трансформација. Преполн со сите витамини, минерали и други неопходни хранливи материи за Вашето тело за да му помогне здраво слабеење, може да се користи како единствен извор на храна во диета со многу ниски калории VLCD (<800kcal Very Low Calorie Diet, официјални тврдења од EFSA на официјалната страна на nuMe www.nu-me.eu).

Нутриционистички план кој е ефикасен, одобрен од EFSA (European Food Safety Authority) и клинички докажан во повеќе од 50 клинички студии. Производите на nuMe содржат и модерен мултифункционален шејќер дизајниран од Карим Рашид, со сад за мешање, во кој шејковите и супата стануваат кремасти и вкусни јадења.

Дневно мени од 6 помали порции Ви помага да се прилагодите на комплетно нов начин на јадење и го намалува желудникот со тоа што ќе ви се променат и навиките. Додадениот колаген ја зголемува еластичноста и цврстината на кожата за време на диетата за да се спречи лабава, остарена кожа. Кога и да се одлучите да се вратите на потрадиционална диета, ќе Ви биде полесно да ги ограничите оброците и да оддржувате здрава тежина.

Превземено од www.nu-me.eu