Зошто Протеинска Исхрана?

КАКО ДЕЛУВА ВИСОКО ПРОТЕИНСКАТА ИСХРАНА

Секоја диета која соддржи дисбалансирани калории, произлезени од јаглехидрати во комбинација со неактивност на индивидуата, најверојатно може да резултира со акумулација на масните резерви и на тој начин да влијае негативно на нашето здравје. Ако дозата на јаглените хидрати е ограничена, а со тоа се зголемува процентот на протеини, човечкото тело се наоѓа во ситуација кога е принуден да бара масти од масните клетки, кои се користат како гориво. Со тоа се намалува нивниот волумен а со тоа последователно и телесната тежина.
– Кога во нашата исхрана има МНОГУ јаглени хидрати, особено рефинерирана храна која е со висок гликемиски индекс, нашето тело гори само дел, а останатите се чуваат во масните резерви.
– Кога нашата храна содржи МНОГУ протеини, особено со ниско-заситени масни киселини, го принудува организмот да ги согорува акумулираните (насобраните) масни клетки, а со тоа полесно се скротува апетитот и се намалува гладта.

ЗОШТО ДА ОДБЕРЕТЕ ПРОТЕИНСКА ИСХРАНА

Со оваа исхрана може да јадете месо, риба, јајца, обезмастени млечни производи, зеленчук (без скроб). Внесувањето на јаглени хидрати и заситени масти треба да го доведете до минимум. Бидејќи оваа исхрана е многу ефикасна, обезбедува навистина зачудувачки резултати. Може да забележите разлика во своето живеење во првите 5 дена.
Овој прехранбен режим богат со протеини ќе го прочисти вашето тело од вишокот вода и ќе го намали прекумерниот апетит (ако јадете само храна богата со протеини, вашиот организам произведува кетонски клетки, кои делуваат како моќен природен инхибитор на апетит), а во меѓувреме го оддржува тонот на мускулите и сјајот на кожата. Организмот за да добие енергија преминува од состојба на согорување јаглени хидрати во состојба на согорување телесни масти.
Затоа што протеините содржат релативно малку калории (во споредба со масти и јаглени хидрати) и потешко се варат, за варење се трошат многу повеќе калории отколку за било која друга храна. Како резултат на тоа, губење на тежината е неизбежна, со други зборови, ќе го доведете своето тело во идеална состојба. Нека Вашето тело биде Ваш роб, а не обратно!

Многу е важно да знаете дека клетките во нашиот организам имаат меморија. Доколку претходно сте имале навика да внесувате многу јаглени хидрати во своето секојдневие, вашето тело ќе има тенденција да ги надокнади изгубените килограми. Затоа кога ќе почнете со протеинска исхрана внимавајте постепено да го намалувате внесот на јаглени хидрати и внесот на количината на храна. Со тоа, од голема помош ви се ProDieti и nuMe производите, кои содржат идеален однос на хранливи материи, витамини и минерали. Со протеински оброци и закуски може да се задржи контролата над апетитот и нападите од глад.

Животни навики со Протеинска исхрана

Овој начин на исхрана претставува почеток на вашиот нов живот!
– сте ја достигнале вашата идеална телесна тежина и сте ја одржале повеќе од 3 недели,
– сакате подобро здравје и чувство на благосостојба,
– сакате да го регулирате балансот на исхрана.

Сте го достигнале идеалниот изглед, а сега вашата цел е да го задржите засекогаш. За да се постигне ова, потребно е да ги промените вашите навики за јадење. Водич во вашиот живот треба да биде храна со високо-хранливи вредности, затоа изборот на храна треба да биде во согласност со нејзината хранлива вредност и метаболичен потенцијал. Бидете повеќе свесни за своето здравје и информирајте се околу тоа какви производи консумирате и дали треба да им верувате. За да видиме која храна може да ја јадеме а која не, потребно е да се објаснат некои клучни елементи на процесот на собирање масни облоги.
Во суштина, добиваме на тежина бидејќи нашата исхрана содржи многу јаглени хидрати со висок гликемиски индекс и заситени масни киселини. Не смееме да ја игнорираме преслабата физичка активност и прекумерните квантитативни дози.

Што значи гликемиски индекс во исхрана:
Гликемиски индекс (GI) е научно докажан начин за сортирање на јаглените хидрати во согласност со тоа да влијаат на нивото на шеќер (гликоза) во крвта. Јаглени хидрати со низок GI се варат побавно, предизвикувајќи забавен раст и нежен пад на шеќерот во крвта. Спротивно, јаглени хидрати со висок GI се вари побрзо и предизвикуваат брз раст и брз пад на шеќер во крвта.
Кога јадете храна која предизвикува висок и брз гликемички одраз, ќе се зголеми и вашата енергија и расположение. Меѓутоа, ова е брзо проследено со циклус на складирање на масти зголемување на апетитот. Транзицијата на диетата со низок GI одржува урамнотежено ниво на вашата енергија, што значи дека помеѓу оброците ќе чувствувате поголема заситеност и на тој начин се спречува складирањето на масни наслаги.Затоа, најдобрите јаглени хидрати се оние со низок гликемиски индекс!

ProDieti производите содржат МНОГУ протеини,МАЛКУ калории, МАЛКУ јаглени хидрати и МАЛКУ масти.

Многу е важно да не се прескокнуваат оброците!

Важна е физичката активност, најмалку 30 минути, неколку пати неделно!

Започнете нов живот и вратете ја Вашата самодоверба засекогаш!

Јави се
Насоки