Фази

КАКО ДЕЛУВА ВИСОКО ПРОТЕИНСКАТА ДИЕТА

Секоја диета која соддржи дисбалансирани калории, произлезени од јаглехидрати во комбинација со неактивност на индивидуата, најверојатно може да резултира со акумулација на масните резерви и на тој начин да влијае негативно на нашето здравје. Ако дозата на јаглените хидрати е ограничена, а со тоа се зголемува процентот на протеини, човечкото тело се наоѓа во ситуација кога е принуден да бара масти од масните клетки, кои се користат како гориво. Со тоа се намалува нивниот волумен а со тоа последователно и телесната тежина.
– Кога во нашата исхрана има МНОГУ јаглени хидрати, особено рефинерирана храна која е со висок гликемиски индекс, нашето тело гори само дел, а останатите се чуваат во масните резерви.
– Кога нашата храна содржи МНОГУ протеини, особено со ниско-заситени масни киселини, го принудува организмот да ги согорува акумулираните (насобраните) масни клетки, а со тоа полесно се скротува апетитот и се намалува гладта.

ОВАА ДИЕТА СЕ СОСТОИ ОД 3 ФАЗИ

ИНТЕНЗИВНА фаза

Кратка, но многу ефикасна фаза на слабеење!
– сте потешки од посакуваната тежина,
– сте неактивни или имате бавен метаболизам,
– сте слабееле порано со различни диети, но секогаш сте ги враќале изгубените килограми.
Во оваа фаза може да јадете месо, риба, јајца, обезмастени млечни производи, дозволен зеленчук (без скроб). Внесувањето на јаглени хидрати и заситени масти е строго ограничено. Бидејќи фазата е многу ефикасна, обезбедува навистина зачудувачки резултати. Може да се очекува губење на телесна тежина во првите 5 дена.
Краткотрајниот прехранбен режим богат со протеини ќе го прочисти вашето тело од вишокот вода и ќе го намали прекумерниот апетит (ако јадете само храна богата со протеини, вашиот организам произведува кетонски клетки, кои делуваат како моќен природен инхибитор на апетит), а во меѓувреме го оддржува тонот на мускулите и сјајот на кожата. Организмот за да добие енергија преминува од состојба на согорување јаглени хидрати во состојба на согорување телесни масти.
Затоа што протеините содржат релативно малку калории (во споредба со масти и јаглени хидрати) и потешко се варат, за варење се трошат многу повеќе калории отколку за било која друга храна. Како резултат на тоа, губење на тежината е неизбежна. Многу е важно да се следат инструкциите без никакво одстапување. Во противно ќе мора да се повтори фазата.

Временска рамка:
Во оваа фаза може да останете од 1 до 15 дена, во зависност од тоа колку килограми сакате да изгубите и колку брзо. Ако сте потешки повеќе од 10 кг и сакате брзо да намалите 5-7 кг, тогаш во оваа фаза ќе останете до 15 дена. Ако сакате да изгубите 3-4 кг, тогаш доволно се 7 дена. А за 1 кг е доволно 1 ден во интензивна фаза.
Ако сакате да ја продолжите првата фаза, треба да се консултирате со лекар.

ТРАНЗИТИВНА фаза

Тоа е фаза која ќе ви помогне да стигнете до вашата идеална телесна тежина!
Транзитивната фаза е наменета да се спречи “јо-јо” ефектот на диетата. бидејќи вашето тело има тенденција да ги надокнади изгубените килограми, вие во таа фаза сте најранливи. Во вашата исхрана ќе почнете да додавате се повеќе јаглени хидрати. При тоа, губењето на тежината ќе продолжи, но малку поспоро. Со тоа, кога јаглените хидрати повторно ќе се најдат на вашето мени, може да се случи некои изгубени килограми да се вратат назад, па затоа е многу важно да се задржи контролата на постепено воведување на јаглените хидрати, пред се стриктно да се придржувате на храната која ви ја препорачуваме. Од голема помош ви се Life Nutrition замените за оброк, кои содржат идеален однос на хранливи материи, витамини и минерали. Со Life Nutrition протеинските оброци и закуски може да се задржи контролата над апетитот и нападите од глад. Иако првенствено ќе продолжите да уживате во протеините и зеленчукот, во исхраната постепено ќе почнете да додавате здрава, индустриски необработени храна богата со повеќе јаглени хидрати.

Временска рамка:
Во оваа фаза ќе останете толку долго, додека не ја достигнете вашата идеална телесна тежина. Очекуваната изгубена телесна тежина е 1 до 2 кг неделно.

Фаза на СТАБИЛИЗИРАЊЕ

Оваа фаза претставува почеток на вашиот нов живот!
– сте ја достигнале вашата идеална телесна тежина и сте ја одржале повеќе од 3 недели,
– сакате подобро здравје и чувство на благосостојба,
– сакате да го регулирате балансот на исхрана.

Временска рамка:
Доживотно!
Сте ја достигнале идеалната телесна тежина, а сега вашата цел е да ја задржите засекогаш. За да се постигне ова, потребно е да ги промените вашите навики за јадење. Водич во вашиот живот треба да биде храна со високо-хранливи вредности, затоа изборот на храна треба да биде во согласност со нејзината хранлива вредност и метаболичен потенцијал. За да видиме која храна може да ја јадеме а која не, потребно е да се објаснат некои клучни елементи на процесот на собирање масни облоги.
Во суштина, добиваме на тежина бидејќи нашата исхрана содржи многу јаглени хидрати со висок гликемиски индекс и заситени масни киселини. Не смееме да ја игнорираме преслабата физичка активност и прекумерните квантитативни дози.
Што значи гликемиски индекс во исхрана:
Гликемиски индекс (GI) е научно докажан начин за сортирање на јаглените хидрати во согласност со тоа да влијаат на нивото на шеќер (гликоза) во крвта. Јаглени хидрати со низок GI се варат побавно, предизвикувајќи забавен раст и нежен пад на шеќерот во крвта. Спротивно, јаглени хидрати со висок GI се вари побрзо и предизвикуваат брз раст и брз пад на шеќер во крвта.
Кога јадете храна која предизвикува висок и брз гликемички одраз, ќе се зголеми и вашата енергија и расположение. Меѓутоа, ова е брзо проследено со циклус на складирање на масти зголемување на апетитот. Транзицијата на диетата со низок GI одржува урамнотежено ниво на вашата енергија, што значи дека помеѓу оброците ќе чувствувате поголема заситеност и на тој начин се спречува складирањето на масни наслаги.Затоа, најдобрите јаглени хидрати се оние со низок гликемиски индекс!

Life Nutrition производите содржат МНОГУ протеини, МАЛКУ јаглени хидрати и МАЛКУ масти.

Многу е важно да не се прескокнуваат оброците!

Важна е физичката активност, најмалку 30 минути, неколку пати неделно!

Започнете нов живот и вратете ја вашата витка става засекогаш!

Јави се
Насоки